ПИКСИ: СО ДИМОСКИ ОТВОРЕНО РАЗГОВАРАВМЕ ЗА СЕ!

Историја

Најновата книга ,,Пикси,, го привлече вниманието не само во Србија и Балканот, туку и пошироко. Сместени се детали од фудбалскиот развој до највисоките височини на легендарниот Драган Стојковиќ – Пикси, актуелниот селектор на Србија. Негов тренер во почетокот на кариерата во Раднички Ниш беше прилепчанецот Илија Димоски. За него пишува дека бил со благ карактер, но со строги принципи. Водел сметка Стојковиќ да не го внесува во игра предвреме, да не го ,,изгори,,. Во врска со настаните од 1983/84 сезона, кога 18-годишниот Пикси игра за четири југословенски селекции, а нема стандардно место во Раднички, во книгата потсетуваат на изјавата со која се демантираат некакви недоразбирања со тренерот Димоски:

–  Нема тука никаква заднина. Со тренерот отврено разговараме и не е точно дека не сме во добри односи. Против Хајдук горев од желба да истрчам од првата минута, но Димоски имаше друг план и ме внесе во игра во второто полувреме. Тоа не ми пречеше да го дадам победоносниот гол и да го заслужам епитетот играч на натпреварот. Нему му е потешко, затоа што навивачите го прашуваат зошто не ме става во првиот тим – вели Пикси.

Драган Стојковиќ играше и за белградска Црвена звезда, францускиот Марсеј, италијанската Верона, јапонската Нагоја, додека Илија Димоски по играчката кариера во Победа, Раднички Ниш и Пролетер Нови Сад, беше тренер во десетина клуба, меѓу кои Раднички Ниш, Вардар, Приштина, Победа.

Loading