“КРУГ” – НОВА ПРЕМИЕРА НА ТЕАТАРОТ

Во театарот вечерва од 20 часот премиерно ќе се изведи  претставата “Круг” во режија на Јован Ристовски, работена по текстот “Дамата од Дебјук” од Едвард Олби. Ова ќе биде праизведба во Македонија. Преводот од англиски и драматизацијата е на Лидија Митоска Ѓорѓиевска.

Ристовски објаснува дека во претставата е приказна, за една врска, брак што се распаѓа.

– Приказната на Олби е за распадот на едно општество, на еден систем, за распадот на еден театар, на било како тип на заедница. Причините не се заради несогласувања, туку заради тоа што едниот лик, умира од рак и нејзиниот партнер Сем не знае како да се соочи со смртта. Го губи тлото, самодовербата и не ја прифаќа вистината.  Ги прикажувам нашите лични проблеми во театарот, бидејќи во театарот во Македонија  последниве  години се скита, не знаеме каде се движиме, што е театар, каде е нашата дисциплина, професионалност!?  Сакам да раскажам за нас. Првиот чин ќе е натурализам. Публиката ќе гледа реална приказна, а вториот чин е надреализам, кој станува пародија, кој носи во свет што може да ни ја даде театарската магија. Заради тоа што се вртиме во кру и никако да испливаме на површина и да се избориме за тоа што го сакаме  затоа претставата се вика “Круг” – вели Ристовски.

Играат, Игор Трпчески, Даниела Иваноска, Димитар Црцороски, Наташа Ачански, Михајло Миленкоски, Ангела Наумоска, Димитар Ѓорѓиевски, Марија Сприкоска Илијеска

Претставата е илустрирана со класична музика и електронски звуци.

Loading