ЧЕТВРТА ГОДИНА ВО УДИНЕЗЕ

Несторовски

Покрај многуте понуди, Илија Несторовски останува во Удинезе. Потпиша договор уште за една година, четврта во овој клуб. Задоволството е на двете страни.

– Среќен сум што останувам во голем клуб. Се надевам на добра сезона. Минатата беше тешка, со повередата. Имам енергија, тренирам максимално да му покажам на тренерот оти може да смета на мене – рече Несторовски.

Италијанското прволигашко првенство стартува на 13 август, кога Удинезе му гостува на Милан.

Loading