МАЛКУМИНА АКТИВНИ

Лето

Одмор е, речиси, за сите спортисти.  Активна е само Победа и уште неколку клуба од поединечните спортови. Така, Џудо клубот Сеишин настапи на Меѓународниот турнир во Солун, Грција. Сите четворица кои се бореа, освоија медали. Златни се сениорките Магдалена Најдоска и Изабела Кузева, ветеранот Киро Здравески, бронзен сениорот Марио Цинцароски. Клубот е прогласен за најдобар странски.

По еден месец се очекува со тренинзи да почнат ракометарите и ракометарките.

Loading