Паркот на револуцијата со Алејата на народните херои и со Могилата на непобедените е грандиозното дело, во чиј уметнички дел се вложил славниот архитект Богдан Богдановиќ. Покрај криптата на могилата со моштите на стотици паднати прилепски борци, алејата со бистите на десетте прилепски народни херои и седумте фигури од бел мермер, од кои едната е поголема и го симболизира непокорот на градот и храброста на шесте скулптури да го урне и победи далеку помоќниот непријател, авторот на главниот влез проектирал и две скулптури на работник – пролетер. Десната статуа се поставила при почетокот на уредувањето и требало да се постави и левата. Но, од непознати причини фигурата не стасала во Прилеп. Со времето локалните функционери и преживеаните борци ја сметнале и веќе поставената фигура.
Инаку, Богдановиќ не сакал да создадва мегаломански високи кули за симболизирање на слободата, жртвите и победата, туку ја воздигнувал народно ослободителната борба со импресивна имагинација во мермер, несвојствени за социјалистичкиот период.
Како и да е, паркот на револуцијата денес блеска во ново модерно издание. Темелно е преуреден просторот и претворен во атрактивна локација. Збогатен е со нови содржини и архитектонски решенија. Станува попривлечен не само за прилепчани, туку и други намерници, кои се поклонуваат на останките од борците, кои положуваат цвеќе на бистите на хероите, кои ги плакнат очите во зеленилото и водите на фонтаните, кои се одмораат по сенките и шеткаат по уредените патеки или уживаат во глетката или пак рекреираат на спортските терени. Слично како некогаш кога паркот бил собиралиште на младите, кои биле авангарда на градот.