КОНЕЧНО СУБВЕНЦИИ ЗА ЛАНСКИОТ ТУТУН

Државата конечно го одврза ќесето и на крајот на јуни почна со исплата на субвенциите за предадениот лански род на тутунот. Тутунарите негодуваа подолго време, бидејќи парите од субвенциите им се потребни за новата производствена сезона која сега е во фазата на копање на  расадениот тутун.

Тутунарите реагираат оти субвенциите чинат половина од вредноста. Литар нафта зимоска била едно евро, а сега е две. Затоа треба да се зголемат и да се усогласат со цената на нафтата.

-Субвенциите ги изеде инфлацијата. Доцнењето на исплатата беше свесно, да купуваме поскапа нафта, поскапи репроматеријали, ѓубрива, најлони… со повисоки даноци и акцизи. Нужна е интервенција на субвенциите за ланскиот род на тутунот. Државата да нé обесштети барем со 50 отсто повисоки субвенции. Со овие пари лани можевме да одгледуваме два декари тутун, а сега не се доволни ниту за еден. Колку за илустрација, садачките на машините за тутун бараат 4 евра од час – вели  Илија Митрески, кој беше во редот за подигање на субвенциите пред  Тутунската банка.

Во прилепско годинава се насадени околу 10 илјади хектари од десет илјади семејства кои очекуваат род за 20 милони евра, плус субвенции, во просек од околу 20 проценти.     

Loading