СПОМЕН ОБЕЛЕЖЈЕ ЗА ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ОКЈАР

Иницијатива (6)

Објавуваме написи за животот и делото на една многу интересна личност од историјата на Турција – Али Фети Окјар. Тој е роден во Прилеп и бил политичар, војник, дипломат и публицист.

Неговиот бурен живот предизвика неколку интелектуалци и бизнисмени од Прилеп да покренат иницијатива за одбележување на високите политички дострели на прилепчанец на политичката сцена во Турција во почетокот на минатиот век кој во политичката кариера стигнал до позицијата премиер на младата турска демократска држава и прв соработник на основоположникот на современата демократска Турција, Кемал Ататурк.

На повторната средба со Ататаурк присутен бил и Исмет Инени, при што бил постигнат договор дека различните гледишта на претставниците на двете партии (од власта и опозицијата) нема да се квалификуваат како меѓусебни навреди и пресметки. Следните денови Ататурк изјавил дека ќе биде неутрален и дека на новата опозициска партија ќе í даде сестрана поддршка и помош за формирање. И по ова, Окјар размислувал неколку дена пред да се изјасни конечно дали би прифатил да биде лидер на новата партија. После анализата, имајќи ги во предвид заложбите на Ататурк и тешката состојба во земјата, го прифати “предизвикот”, свесен за ризиците што му се закануваат. Во 1930 година, Ататурк ја обелоденил одлуката во присуство на премиерот Исмет Инени, потсетувајќи на постигнатиот начелен договор и ветувања за непристрасност. Претседателот Ататурк изразил задоволство и побарал Окјар писмено да го информира, при што наредил во писмото да биде ословен како претседател на Република Турција и претседател на Републиканската партија (на власт). Окјар побарал буџетот на идната партија да биде ист како и на партијата на власт. Ататурк дал инструкција за излегување во пресрет и на ова барање.

Со ова, дипломатско – амбасадорската мисија на Окјар во Париз завршила и кусо време се појавил во политичкиот живот на Турција со новата политичка партија наречена Слободна републиканска партија, на чие чело застанал тој.

Пред официјализирањето на новата партија, Окјар и неколкуте негови идни најблиски сопартијци биле ангажирани за завршување на сите формалности за официјалното поднесување на иницијативата за формирање на партијата и подготвувањето на нејзината програма. Окјар ги обелоденил пред домашната и светската јавност плановите за формирање на опозициона партија и за програмските цели преку пишаните медиуми.

Интересно е што Окјар ги вршел подготовките во договор и соработка со претседателот Ататурк и со знаење на премиерот и иден политички противник Исмет Инени. И покрај тоа што иницијативата за нова опозициона партија потекнувала од Ататурк и фактот дека Окјар го прифатил постигнатиот принципиелен договор со Ататурк и премиерот Инени со обврска за застанување на чело на партијата, дека опозициските ставови на идната партија нема де бидат сватени како меѓусебна пресметка со партијата на власт и нејзините челници, и дека претседателот Ататурк ќе се однесува непристрасно, сепак уште за време на подготовките пред формирањето на партијата (на 12 август 1930 година), и кај Ататурк, но посебно кај Исмет Инени јавно можело да се забележи извесна тревожност и страв од помислата и опасноста од губење на власта. По формирањето на партијата и првите конкретни активности, нервозата кај премиерот Инени и соработниците растела од ден на ден и добивала загрижувачки размери. Стравот и предупредувањата на Окјар што претходно им ги укажувал на Ататурк и на Инени уште на почетокот од работата на новата партија, за жал, станал реалност, но сега за Окјар немало шанси за враќање назад.

(продолжува)

Loading