ПРОПУШТЕНА ШАНСА ЗА ТИТУЛА

Шах

Во пресрет на летото уште е активен нашиот фидемајстор Роберт Велески. Настапи на Меѓународниот турнир во Приморско, Бугарија, меѓу 49 учесници од Бугарија, Андора, Молдавија, Русија, Турција и Украина. Беше единствен Македонец, но највисоко рангиран на стартот. Со 2167 поени беше пред Петер Фашнахт од Андора со 2149, по кого следеа деветмина Бугари, еден Украинец итн. Сепак, по деветте кола по Швајцарски систем се пропушти можноста за титула. Поразите се од домашните шахисти, Павлов и Ташков, па со три реми и четири победи и освоени 5,5 поени, Велески е деветти на конечната табела.

Изненади домашниот Стојчев кој со 7 поени стигна до 1. место, а беше рангиран на 18.

Loading