ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (147) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Во годината 1954 зимата завлезена длабоко, а времето не се промени. Снегот и понатака остана на исто ниво без промена како што наврна. Често пати во утринските времиња на денот се забележува групи од волци глутници од Венците нагоре по Калуќеро, Столовите до Вртешките превоѓа за во бонечкото по Присој под Веслец, Слива за во мариовско.

Како втора група волци беше забележано често пати преку Голем камен, Ветро воденица, Прелап, Голи рид, Криви патишта, Бара, преку Трнките влегува во бонечкото исто така групите на волците беа забележувани во утринските доби. Постарите велеа да групите на волциве си иделе од лов во пелагониската равнина од преку ноќта.

Во случај овие групи на волци да се сретнат ќе се измирисаат гас – уста и ако се исти сој ќе се растрчаат околу расјето и трненките ќе фрлаат по неколку заграби земја со задните нозе, ќе направат мала и голема нужда кај расјето и трненките и ќе си го продолжат патот во својот замислен правец.

А додека пак при средбата и меѓусебната миризба дека не се од исти сој почнува меѓусебна крволочна борба со давење, доваѓало и до падната жртва од групите на таков начин се разделувале и си заминуваат губитниците и победниците во определениот нивни правец уште пред средбата.

Само што ќе се замрачеше волците во глутница ќе започнеа наоколу селото со виење. Селските кучиња страв ги фаќаше со менат глас ќе зоврија од лаење низ селото.

Често пати луѓе во групи со фенерите запалени в раце во ноќно време дава повик, а волците беа распадени. Од гладо и заштита од дивите ѕверови и дивите зајаци навоѓа спас во сената околу стоговите на сената и во местата каде се хранат овците на снегот или во кордите од трлата. Сета стока навечер навреме беше затворена. Децата беа предупредени навечер уште со сонце од слизгање навреме дома да си дојдат.

Учениците кога тргнаа на училиште од зимниот распуст учителката Котеска Драгица ги предупреди учениците од училиште право дома за да се кажат на домашните да се дојдени дома. Никогаш учителката Драгица не беше оставена во ноќно време сама поради училиштето поодалечено од селските куќи. Ако не се во можност да биди служитело Јован негова замена ќе биди ќерка му Аргида или Славка.

Самата учителка Драгица кажуваше во разговорот со нејзе често пати имала девојчиња гости во ноќно време повеќе девојчиња за друштво, правеле разни јадења и печива и сите таму преспивале. Многу се фали од нејзиниот престој во Марул.

Храбрите штавички ловџија застрелал во местото Слива дванаесет волци со пушка кременарка во месец февруари сечко годината непозната.

Некој си штавички ловџија со име и презиме и година на удесо засега непознати се опкладил со неговите соселани штавичани да нема страв од волци глутници во секој момент ќе излези било каде да се пресмета со нив.

Продолжува

Loading