ПИЈАНО КОНЦЕРТ НА ИВАНА МАЗНЕЈКОВА

“Сонатна вечер” на пијано со композиции од Хајдн, Бетовен, Моцарт, Менделсон, Григ, Шуберт… ќе одржи струмичанката Ивана Мазнејкова в понеделник од 19 часот во фоајето од ЦК “Марко Цепенков”. Пијанистката е ученичка во СМУ “Сергеј Михајлов” во Штип. Првите часови ги добила во Струмица од нејзините родители, професори по пијано.

Таа е активен учесник на мастер класовите, а првиот јавен настап го имала на тригодишна возраст. Имала многу концерти, настапи на фестивали, натпревари низ Македонија и низ Европа. Добитник е на бројни награди.

Loading