ЧАНТУРИЈА Е НАСЛЕДНИК НА ТАСТАТА

Ракомет

Потрага по нов тренер воопшто не беше потребна на машкиот ракометен суперлигаш Прилеп. Практично, тој веќе беше тука, во клубот – Грузиецот Реваз Чантурија, досегашен играч и помошник – тренер. И во иднина ќе биде играч, но и како главен стручњак во клубот. Од него се очекува да го изврши изборот на играчите кои ќе се борат за опстанок во Супер лигата. Извесно е дека најмладиот тим во лигаата ќе биде уште повеќе подмладен. Има информации дека заминале Грузијците Зураби Цинцадзе и Казеин Рустамов, а останува нивниот сонародник Мириани Гавашелишвил. Заминуваат уште неколкумина, а тие што остануваат се од млади – помлади, кај кои има талент, желба за докажување, но и квалитет.

Досегашниот тренер на Прилеп, Горан Кузманоски – Таста ќе го води суперлигашот Скопје.

Loading