СОБИРАЊЕ КНИГИ НА ПЛОЧНИК

Утре, (4 јуни) на градскиот плоштад во Прилеп ќе се спроведе собирна акција за книги, кои ќе бидат потребни за формирање на библиотеката. Секој кој што сака да донира ќе може книгите да ги однесе од 11 до 13 часот на штандот. Собирната акција е дел од проектот за интеркултурна акција од ЦКА-ПХВ. Програмата ќе се изработува куќарка со книги „Библиотека за секого” во која ќе има различни видови литератури, книги на различни јазици каде луѓето ќе можат да заменуваат книги и со тоа да се промовираат различни култури.

Доколку некој не е во можност да ги однесете книгите на плочник, може да ги достави во просториите на Црвениот Крст секој работен ден од 9 до 15 часот.

Loading