РИВЕР СОФТ ВО УСЛУГА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ

Наскоро во Прилеп

Сé од техника и технологија на едно место, прилепчани ќе може да најдат наскоро, во премиум салон од 400 м2 што ќе го отвори реномираната фирма Ривер Софт. Струмичката компанија ќе понуди релаксирано купување на потрошувачи. Ќе се избер од богатата палета на производи по најповолни цени. Ќе се нуди бела техника, телевизори, мали апарати за домаќинството, клима уреди, телефони, компјутери, компјутерска галантерија, велосипеди, мотори и др.

Салонот во Прилеп ќе биде наспроти Тинекс, во поранешен Кам маркет. Се најавуваат многу изненадувања за големото отворање кое ќе биде наскоро. Новитетите во техногијата со Ривер софт се чекор поблиску до клиентите кои ем ќе пазаруваат, ем ќе заштедуваат.

Ривер Софт формирана е во 2014 година, кога започнале како малопродажен салон за ИТ технологија во Струмица, со шест вработени. Се шири и расте од година во година. Во 2016 година го отвориле вториот салон во Струмица исто со ИТ технологија, а во 2017 година во Струмица отвориле салон со бела техника со што го збогатиле асортиманот на понудена стока и  бројот на вработените.

Во 2019 година се шират надвор од Струмица. Прв за освојување бил Штип. Таму е кренат модерен салон на 500 м2, со бела техника, аудио и видео. Понудата на Ривер Софт им станала на дофат и на кочанчани една година подоцна. И таму блеснал модерен салон. Се почувстувала потреба за подем на бизнисот. Менаџментот им ставил на располагање раскошен салон и на кавадарчани да ги задоволат нараснатите потреби со поширок асортиман, а во 2021 година пукнал шампања на свеченото отворање на салонот во Куманово.

Сопственикот на Ривер Софт, Тони Костов, најавува проширување и во другите градови.

– Располагаме со 8 салони со овој во Прилеп. Во моментот сме 100 вработени, со наш сервисен центар и со наша логистичка поддршка. Увозници сме на брендот од Вокс електроникс за бела техника, на брендот Манта за звучници, мауси и тастатури и компјутерска галантерија. Работиме веќе осма година, распространети на југоисточниот дел, односно Источна Македонија со тенденција да ја освоиме и Западна Македонија, тргнувајќи од Прилеп –  вели Костов.

На компанијата í е во план во блиска иднина да отвори салон во Скопје, храбро претендирајќи да се носи со предизвиците на пазарот. За квалитетна компанија достапна до клиентите, секогаш има клима за бизнис.

-Ривер Софт е компанија во раст. На годишно ниво бележиме пораст од околу 25 отсто. Во моментов сме најбрзо растечки бренд на пазарот во однос на конкуренцијата. Добро сме позиционирани, пријателски настроени кон нашите клиенти, со директна достава до секој дом, со комплетна техничка и сервисна поддршка, со наш кол центар за грижа на корисниците. Добро сме етаблирани на пазарот – објаснува Костов.

Пријателскиот однос со клиентите, најтранспарентни и најдобри цени, огромниот избор на техника што може да се набави се предностите на Ривер Софт. Идејата е по Прилеп, да отворат продажни салони во Скопје, Битола и Тетово.

Loading