ДЕРБИ НА ЛИДЕРОТ СО ШАМПИОНОТ

Пинг-понг

Во машката Супер лига останува да се одиграат уште четири кола од основниот дел, па потоа е плеј-офот. Засега Крива Паланка е со сите 13 победи и максимални 26 бода, додека шампионот Младост 96 е со 11 победи, два пораза и 24 бода. Во неделата прилепскиот клуб со по 4:2 ги совлада Радовиш и скопски Телеком нец 2, а Крива Паланка со 4:2 беше подобра од Телеком Нец 2, со 4:3 од Вардар. В недела претстојат две кола, во кои Младост 96 прво игра со Вардар, потоа е дербито со Крива Паланка.

Вториот прилепски тим Младост е на 6. место со 16 бода.

Loading