ВО РОМАНИЈА ПО НОВИ ЖИВОТНИ ВЕШТИНИ

СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”

Шест ученици, координатор и директорката од СОУ “Кузман Јосифоски – Питу” на крајот од фебруари и почетокот на март учествуваа на четвртата средба во Бреаза, Романија во рамки на проектот “Развој на критичко размислување, комуникациски и социјални вештини”, финансиран од Еразмус+ програмата на ЕУ. Покрај домаќините, учествуваа преставници од Турција, Италија и Чешка. Училиштето го претставуваа Тијана Миновска Симона Коцеска, Ангела Павлеска, Христина Павлеска, Стефани Трајкоска и Марија Шукароска, координаторот м-р Мимоза Мијоска и директорката Билјана Марковска.

Учениците и наставниците учествуваа на работилници, работни сесии и едукативни посети. Имаа можност за меѓусебна комуникација, градење и развивање на животни вештини, како и културно-едукативни посети за запознавање со домаќинот, средното воено училиште во Бреаза.

Престојот се искористи секоја држава да ги презентира ставовите на темата “Активно граѓанство”. На иновативните работилници учениците во групи од различни држави меѓусебно разговараа и разменуваат свои ставови и идеи, усовршувајќи го англискиот јазик.

Гостите  го посетија и парламентот во Букурешт, тврдината во Рашнов и летниот дворец на кралот Карло Први во Синаиа. Дури имаа средба и со војниците во касарна во Брашов. Домаќините организираа посета на музејот за часовници и националниот музеј во Плоешти.

На завршната вечера сите учесници танцуваа на музика која потекнува од секоја земја.

Loading