ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (136) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Една вечер во месец февруари во 1953 година една селска конференција во задружниот дом, времето студено со силен северен ветер, голомразица, мангалот со ќумур запален од невнимание после конференцијата присутните се разотидоја со надеж дека некој ќе го угаси мангалот. Прозорците отворени поради топлината. Дува северот, жарот го разнесува од мангалот нешто низ јужниот прозорец, нешто жарје на штичениот патос се гледа да искри подот, гори со помош на повик се собраа луѓе и пожарот беше угасен.

Некако работата беше преќутена и не се откри кој беше последниот човек кој не го угаси мангалот со ќумурот. Таа сторена хаварија на патосот никогаш не се поправи, санира, сега и зградата е рушевина. Повеќе такви работи се десија со расформирањето на колективот во други села.

Во с. Будаково, битолско задружниот дом изгоре тотално, а сторителите не се отрија. Во с. Мусинци во пролетта 1953 година претседателот на колективот беше убиен со пукање однадвор преку прозорот од самите мусинчани, тој се викаше Абедин. Договорено ламбата претролејка свети на масата претседателот Абедин просту стој држи говор. Одеднаш едно лице ја угасува ламбата атентаторот однадвор пука низ прозорот и го убива претседателот Абедин.

Атентаторот беше отриен и осуден на долговременска казна на 15 години и одведен во Идризово за да ја издржува затворската казна. На претседателот му се има направено гробни споменик со негова фигура во муслиманските гробишта во с. Мусинци. Во летото 1958 година си идиме од Новаци со запрежните коли, патот не однесе да поминиме поред муслиманските гробишта во с. Мусинци и го видовме споменикот на отепаниот Абедин, претседателот на колективот во с. Мусинци.

Во летото во 1955 година убиецот на Абедин избега од затвор од Идризово во Скопје си дојде во нашите краеви. Сите патишта и  сите клучни привроци на патиштата беа блокирани од надлежните од безбедните државни власти од милицијата вооружани со боева муниција. Една летна ноќ милиционерот Камче во придружба со Новачески Јован служитело на училиштето во с. Марул во местото Ушите марулски чекајќи во заклонетост забележале по пат од кај Прилеп во глува доба доваѓа човек осветлен од месечината за да прејди во битолско поле овие двајца дале повик стој. Тој не застанал на нивниот повик него се дал во бегство према местото Езериште и Превалец горни. Од страна на милиционерот Камче со шмајзерот отворил рафал и пукал во бегунецот.

Марулскиот бостанџија во Горни превалец Бошески Борис протуѓерот се пробудил од рафалите на милиционерот Камче и забележал човек во долот заминал со голема брзина низ песокот надолу за Долни превалец. Борисовото куче потрчало со лаење по човекот, човекот замина за Долни превалец, а кучето се вратило кај колибата од Борис. Со тоа на убиецот Галип му се губи трагата.

Една друга квечерина Подмолецот Блаже Кеноски идејќи си со магарето од пазар од Прилеп кога дошол во марулското кај местото Крушите го стасал еден непознат човек за Блаже и го поздравил, добро вечер подмолец само што намислил да го праша, кој си ти што мене ме познаваш, човекот ништо усмено не одговарил, му одговорил со подигната рака. Влегол во долчето кај нивата Велјаноска тогаш ливада и му се изгубил трагот. По кратко време поминале двајца милиционери со велосипеди, го прашале Блаже дали виде некој човек да помини по патовиве. Блаже им одговорил да сега е летно работно време многу луѓе сретнав и познати и непознати, се разминуваме со наши македонски поздрави, кој се, што се непознатите луѓе, не ми е познато. Милиционерите само му одговориле, терај си слободно магарето и си заминале по патот на божожица за Прилеп.

Властите ги блокирале селото Канатларци, Ерековци, Добрушево, Будаково, Трап, Путурус, Црничани, Мојно и Подмол вршејќи претрес во селото за да го фатат убиецот Галип. Исто така било блокирано и неговото родно с. Мусинци. Нас, воловарчињата од Марул не фати страв и воловите ги пасевме во поголеми групи.

Убиецот Галип над претседателот Абедин се сокрил, засолнал во с. Канатларци кај Џаферовци негови роднини Џафероски Алија Ашлако близок и верен соработник во позадината на партизанското движење во НОБ за време на Втората светска војна во Македонија. Имал голема доверба кај тогашните власти. Во 1946 година државата Џафероски Алија Ашлако го испраќа на шест месечно школување во Битола на државен трошок за административна служба со број еден на колективот на 42 домаќинства од с. Канатларци кои влегоа во колективот од 1949 до 1953 година.

Властите имале голема доверба према Џаферовци и послабо вршеле контрола во нивната куќа. Џаферовци се нашле меѓу два огнови. Галип убиецот на Абедин бил Џафероски роднина да го предадат Абедин нема да оживи, животно ќе бидат одбележани како предавници, а и се боеле од освета, одмазда. Се одлучиле обратно, го сокриле Галип во бунаро во Рвенико. Кога се потсмирила напнатоста, ситуацијата потерата омекнала убиецот Галип го товариле маскиран во гнојот во запрежната кола и го изнесла на нива, го растовариле и Галип заминал во непознат правец.

Галип се спуштил до југословенско – грчката граница во мариовските предели, ја поминал југословенската граница, влегол во Грција и заминал за Турција. Оттаму со писмо се јавил до неговите каде се наоѓа, да е здрав и жив. Неговата мајка од голема радост за синот Галип на поштарот кој и го донесол писмото му дала бакшиш 5000 динари. Во Мусинци од извесно време е затишје, сега поново се јавува радост и трагична жалост од таа ситуација. Како што кажувал самиот Галип во писмото најповеќе се задржал во марулскиот синор поради од тука селото Мусинци го гледал сликовито како огледало пред него. Низ марулскиот сињор се хранел со кочани од пченка и лубеници. Од двајца марулчани изнудил леб без да знаат кој е тој. Под чешмурчето во долчето под капините имал сигурно скривалиште и место за одмор.

После едно извесно време Џаферовци плашејќи се за да не бидат отриени и земени на одговорност со заштитувањето на убиецот Галип ја распродале сета имовина куќна и чифлигот и се иселија за трајно во Турција. Слушано од повеќе раскажувачи за овој настан.

Расформирање на колективот во с. Марул во 1953 година

Во месец март истата година заминаа регрутирани млади момчиња во ЈНА. Василоски Јованов Петре, Јованоски Јованов Божидар и бригадирот од Западно маало Прва бригада Петрески Ванѓелов Митре Бабјак Митре го замени Петрески Јованов Атанас Мурџески.

Од далечно минато време, не сме во можност да го одредиме денот и датумот за растурањето на колективот во с. Марул.

Беше месец април 1953 година, селаните марулци беа собрани над средселото пред задружниот дом за растурање на колективот и поделба на капиталот. Дојдоа до согласност, спогодба сеидбата ланска сеана ја поделија секој да си ги земи своите сеани нивје можи д асе направи размена спогодба ако на некој неговите нивје се посеани повеќе со иста сорта јачмен или пченица му е потребно рж можи да направи замена со лице на кое му е потребно од другата сорта на посеана нива. Така се заврши таа делба со посеаното жито на најмирен начин.

Продолжува

Loading