ГИМНАЗИЈАЛКА НА МИС ТИНС ВО БАНСКО

Шеснаесет годишната гимназијалка Јована Угриноска ќе прошета двапати на модната писта во Банско, Бугарија, и тоа еднаш во македонска народна насија на изборот на Мис тинс во април, на кој ќе учествуваат 20 кандидати од светот во женска конкуренција. Таа е избор на студиото Црнокрак од Скопје, каде е членка една година од обуката за манекенки.

Иако дебитира, нејзините амбиции не се само да стапни неколку чекори на кадифениот тепих, туку да триумфира, искачувајќи се на врвот на тронот со победничката лента за најубава тинејџерка.

Ученичката од втора година одамна мечтаела да биде модел, а еве сега ќе има огнено крштевање, прошетувајќи на патеката каде ќе го распостели целиот раскош на својата убавина пред официјалното жири. Мечтите полека и стануваат стварност. Таа сонува да прави силна светска кариера со посветен и неуморен ангажман за одржување на соодветните мерила на ставата, совладаните техники за движење и, се разбира, соодветната исхрана и спортување.

 На Угриноска, инаку, í лежи прозата и поезијата. Автор е на неколку песни.

Градоначалникот Борче Јовчески í посака успешен настап и достојно  претставување и на градот и на земјата.

Loading