РАБОТИЛНИЦИ ВО БУДИМПЕШТА

Од 7 до 11 март, четири ученички од СОУ “Кузман Јосифоски-Питу” учествуваа на краткотрајна размена на ученици и наставници во Будимпешта во проектот “Фацинг ИЦТ Цхалленгес” од програмата Ерасмус +.

Учениците и наставниците од Македонија, Турција, Србија, Португалија и домаќинот Унгарија учествуваа на работилници, работни сесии и едукативни посети. Имаа можност за меѓусебна комуникација, градење и развивање на животни вештини, како и културно-едукативни посети за запознавање со Будимпешта, градот домаќин – напишаа на фесбук профилот на училиштето.

Loading