ПРИБОР ЗА ВТОРО И ТРЕТО ОДДЕЛЕНЦИ

ОУ Добре Јованоски

Училишен прибор добија 150 деца социјално загрозени семејства, вклучени во програмата за туторска поддршка во второ и трето одделение во ОУ „Добре Јованоски”. Активноста е во рамките на проектот „Обезбедување на соодветни услови за живеење за ромската заедница во Прилеп”, спроведен од Ромскиот ресурсен центар од Скопје во соработка со ЦЕЛИМ од Милано – Италија, општината Прилеп и НВО Рома перспектив од Прилеп. 

Проектот е финансиран од ЕУ во соработка со Министерството за труд и социјална политика. Имплементација почна од февруари лани и ќе се реализира до крајот на 2024 година.

Loading