ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (135) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски   

Неколку дена по хаосот Милан отишол да бери трње, чали во местото Чалите. Ѓело ја нарамил пушката и отишол во чалите во близина на Милан, го повикал за да се помират. Милан му одговори, остави ја пушката таму и дојди ќе се помириме, во спротивно еден од нас овде животот ќе го положи. Ѓело ја оставил пушката, отишол кај Милан и направиле помирување. Ѓело се вратил назад, си ја нарамил пушката, си дошол дома во кулата, работата со полјаклот ја завршил до денот Митровден во 1930та година и се иселил за Прилеп. Во 1941 година паштерк аму Илинка ја омажил во Марул за Здравески Атанас Чонески. Со таа прилика поново почнал да контактира со с. Марул за време второто бугарско било голема економска криза во градовите. Народот се хранел со купони. Од тој недостаток за храна Ѓело често пати ги пречекувал марулските пазарџии во ановите и му барал, питал или просел леб. Кој што имале не го одбивале, му давале.

Во еден летен ден во 1942 година Ѓело шетал во прилепската чарќија, некој му поставил експлозив во џебовите без тој да осети, експлозивот детонирал снажно и Ѓело на парчиња бил отфрлен на покривите на дуќаните во прилепската чаршија. Сторителите вистински никогаш не биле откриени. Некој претпоставуваат да тоа му го стериле бугарските агенти за како голем србоман, има и верзии да тоа му го стериле партизаните казнет како голем кодош на српската Црна рака. Како и да било и кој да биле позади неговото убиство никогаш во Марул Ѓело не бил омилен од направените негови глупости додека бил падар, полјак во Марул.

После убиството на Ѓело неговата вонбрачна жена Менка речено Ѓелојца се доселе кај ќерка си Илинка во Марул каде имаше поштовање од сите во с. Марул.

Запишани нови ученици за во учебната година 1952/53 родени во 1945 година

Уште незавршена учебната година 1951/52 децата кои родени во 1945 година беа повикани на разговор со родителите кај учителот Ќиро Миладинов за да се запознаат со него и тој нив. Тоа беа следните деца:

1.Василоска Трајанова Писана Василоска;

2.Ѓорѓијоска Димитријов Дончо Јоноски;

3.Ѓорѓијоски Дончов Ванчо Јанкоски;

4.Јовчески Ванѓелов Томе Велјаноски;

5.Митрески Степанов Ристе Мурџески;

6.Мојсоска Ќирева Љуба Колеска;

7.Ризоски Боризов Драган Бошески Горни;

8. Ристески Алексов Ванќел Илијоски Јанкоски;

9.Ристеска Ладев даринка Јанкоска;

10.Трајкоски Јованчев Богоја Павлески Јоноски, забаваче;

Преку летото се работеше интензивно на садење, копање, жетва, вршење сено, собирање, на летните култури, афион, памук пченки, сончогледи, берба на грозјето итн. Времето доаѓа за на училиште за свадби итн.

Умрени во Марул 1952 година:

1.Атанасоски Алексов Благоја Танески 1950 – 1952;

2.Гулабоски Новачев Димитрија 1870 – 1952;

3.Јанкоски Ѓорчев Богдан 1900 – 1952;

4.Јованоска Ванѓелова Славка Јоноска 1950 – 1952;

5.Стојаноска Илица Велика Котеска 1880 – 1952;

6.Стојаноски Тодев Пецо Котески 1951 – 1952;

Родени во 1952 година во Марул се осумнаесет деца исто како во претходната година. Родени се наполу женски со машки, девет со девет.

1.Атанасоски Алексов Ќорќија Танески сега Џорџ;

2.Атанасоска Танева Киска Танеска;

3.Велјаноски Димков Коста – Коце Танески;

4.Велјаноски Орданов Алексо Танески;

5.Јованоска Алексова Загорка Јоноска;

6.Јованоска Ванѓелова Илинка Јоноска;

7.Јованоска Димитријов Арсе Јоноски;

8.Јованоска Лазарова Благуна Тодороска;

9.Јовчески Ванѓелов Цветан Велјаноски;

10.Јошески Блажев Ќиро Илијоски Јанкоски;

11.Митрески Цветанов Благоја Крушкоски;

12.Мојсоска Ќирева Мара Колеска;

13.Павлески Игнев Славе Јоноски;

14.Петреска Атанасова Марија Мурџеска;

15.Ристеска Китанова Саветка Танеска;

16.Ристеска Дончова Благуна Јанкоска;

17.Ристески Ладев Тане Јанкоски;

18.Стојаноска Ѓорѓиева Илинка Котеска;

Сите ја преживеаа годината 1952.

Мажени, женети, преженети и бегалки во Марул во 1952 година

1.Атанасоска Мицева Пауна Танеска мажена за Вишиноски раде од с. Алинци, со свадба и првиче;

2.Атанасоска Трајанова Илинка мажена за Вишиноски Блаже од с. Алинви, прилепско со свадба и првиче;

3.Анѓелесла Илијева Цвета Најдоска Стеваноска мажена за Перкоски Алексо од с. Алинци, прилепско со свадба и првиче;

4.Дојчиноски Божинов Благоја Јолески преженет за Јанческа Илинка од с. Боротино, верските адети направени во прилепската Стара црква во 1953 година;

5.Новаческа Јованова Павлинка Димитријоска мажена за Толепашоски Вида нод с. Добрушево со свадба и првиче;

6.Петреска Јованова нада Мурџеска мажена бегалка за момче по име непознато кај Бејајче во с. С. Лагово без свадба и првиче;

7.Петрески Велјаноски Алексо Бабјак женет за Трајана Богојева Колеска Чурлиноска од с. Лопатица, прилепско со свадба и првиче;

8.Петреска Петрева Весела Бабјакоска мажена бегалка за Зенгоски Ќиро од с. Ношпал без свадба и првиче;

9.Ризоска Колева Лоринка Бошеска мажена за Вршкоски Раде од с. Шелеверци со свадба и првиче;

10.Ристеска Петрева Спасија Илијоска Јанкоска мажена за Паралоски Веле од с. Добрушево со свадба и првиче;

11.Ристески Крстев Тоде Танески жненет за Чакмакоска Блажева Писана со свадба и првиче;

12.Ристеска Танева Илинка мажена бегалка за Костоски Ѓорѓија од с. Ношпал за свадба и првиче;

Веќе започна есен се почна со сеење. Сите ѕевгари во маалото на бригадите се почна во склоп на сеидбата. Сеидбата од Крстовден до по Петковден беше завршена. Секогаш прво се сеат јачмените и ржите за да има азлак од сеидбата за пасење на објагнетите овци во средезима со тоа се намалува трошокот на сувата храна. Зимските верски празници Коледе, божикните денови, Василица и Водици дочекани и испратени како и секогаш порано со свирки, музика со весели средби поготово групите, друштва гости со грнината со вино и мезалоци од по куќите доваќа на средселото тешки ора водат.

Падна голем снег уште поголема радост и задоволство на распуштените ученици за прво годишниот распуст пречекан со хор песни и стихотворби и скечови прикажани од самите ученици и наградени сите ученици со по едно пакетче бонбончиња од вреќата на Дедо мраз односно служителот Новачески Јован.

Но, на самите средби на верските празници почна да се шепоти дека колективите по селата ќе се расформираат, ќе се оди на приватизација како што беше пред 49.та година сега ќе биди мешовита приватна и државна, небаре колективизацијата била руска сталинистичка идеологија.

Таа програма не беше на Сталин, него на интернациол комунизам и социјализмот каде и да станува возрасниот спсообен човек за работа мора да биди производител. Ако е в село ќе се занимава со земјоделие, сточарство, пчеларство итн. Ако пак е настанен в град ќе биди бобричен работник.

Додека беше во источниот комунистички блок во почетокот на 1948 година собранието на Југославиј аго усвои овој петгодишен план за колективизација на системот за производство на работата на работничката класа да биди во општествена своина, имовина. Во месец март се мисли на 15 март 1948 година Југославиј асо информбирото ги прекина сите дипломатски односи со источниот комунистички блок.

Но петгодишниот план не можеше да го одстрани од употреба во југословенската федерална заедница дури кога се навршија пет години од тој петгодишен план во 1953 година почна да се расформираат колективите, селските задруги. И со распадот на колективот имаше луѓе незадоволни кој дотогаш живееа сиромашно со работата во колективот храната и облеката му беше обезбедена.

Продолжува

Loading