ЕДНОКРАТНИ СТИПЕНДИИ НА ПЕТ ГИМНАЗИЈАЛЦИ

Прилепската пиварница и годинава, во чест и сеќавање на прерано загинатата гимназијалка Евалина, додели еднократни стипендии на пет гимназијалци од четврта година. Пиварницата доделува еднократната стипендија да им помогне на учениците во нивното понатамошно школување.

Стипендии добија матурантите Петар Трајкоски, Анѓелина Вукосављевиќ, Елена Николоска, Јасна Савеска и Давор Котески.

-Го поздравуваме овој хуман чин на Прилепската пиварница, која повеќе години го помага образованието и ги мотивира учениците. На учениците им посакуваме многу успех во понатамошното школување – напишаа од Гимназијата на нивната веб страница.

Loading