ОСУМ ГОЛА НА ВЕШТАЧКА

Жени

Кој сака голови, нека гледа женски фудбал. Во 1. пролетно коло од женската Прва лига тимот на прилепска Деспина со 6:2 го совлада битолски Атлетико, на теренот со вештачка трева во Прилеп. За победничкиот тим по два гола дадоа Катерина Милеска и Михаела Настовска, по еден Теодора Петровска и Анастасија Илиевска. Во средата во Куманово беше дуелот Речица – Деспина (5:2).

Тиверија, Љуботен и Саса се борат за врвот од табелата, а Деспина за средината.

Loading