ДЕРБИ СО МЕТАЛУРГ

Ракомет жени

Интересен почеток на плеј-офот во женската ракометна Супер лига. Екипата на Металург изненади со реми (23:23) кај фаворитот Куманово, така што станува неизвесна трката за титулата и горните места од табелата, каде моментно е и прилепска Деспина. Прилепскиот состав на тренерот Страшо Илиески успеа со 25:24 да ја совлада Стружанка во Струга. Најефикасна Сања Цветкоска со 10 гола. На ред е дербито дома токму со споменатиот Металург.

Табела: Вардар 7, Ѓорче Петров, Деспина и Куманово по 5, Металург 4, Чаир 3, Стружанка и Пелистер по 1.

Loading