ТУРНИР ШТО ЗАСЛУЖУВА ДА Е ТРАДИЦИОНАЛЕН

Пинг-понг

Цел ден имаше пинг-понг во салата од ОУ ,,Добре Јованоски,, на Меѓународниот меморијален турнир ,,Илија Карески,,. Над 80 пингпонгари делеа мегдан во пет категории, што е многу важно за популаризација на овој убав олимписки спорт. Во највозрасната категорија – сениори победи Петар Костовски (Младост 96), пред Зоран Решетар (Спин, Подгорица) и Христијан Јовановски (Пелагонија, Битола). Кај пингпонгарките до 21 година најдобра е Ана Стојановска (Крива Паланка), а кај машките врсници Теодор Волканоски (Крушево). Кај најмладите учеснички до 15 години победничка е Софија Хасану (Крушево), а кај момчињата на таа восраст – Лука Стојчев (Шампиони ФА, Штип).

Според оценки од учесниците, турнирот се очекува да стане традиционален.

Пинг-понг имаше и во неделата, кога екипа од Подгорица, Црна Гора, одигра пријателски мечеви со најдобрите екипи од прилепската пингпонгарска Прилепска пиварница- Бизнис лига.

Loading