ПРИЛЕПЧАНКИТЕ ПРВПАТ РАМНОПРАВНИ

Кошарка

Поразот не е секогаш неуспех. Кошаркарките на Мега баскет загубија дома со 53:54 од кумановска Риниа, но нема место за разочарување. Напротив, прогресира играта на прилепчанките, оти во  минатите натпревари губеа со огромна разлика. Сега првпат беа рамноправни, дури и со шанса да победат. Напорната работа мора да даде резултат. Следен дуел од Првата лига, Б-група е со Тим арена во Штип.

Машката екипа на Мега баскет забележа вредна победа од 62:61 над Пробаскет во Кавадарци. Викендов е дуел дома со Тетова булс, како најава за претстојното гостување кај силното Куманово.

Loading