НАДЕЖНО Е ГОСТУВАЊЕТО ВО РАДОВИШ

Ракомет

Три меча – три пораза е билансот на Прилеп во досегашните дуели од вториот дел на машката ракометна Супер лига. Првиот дома од Тиквеш, вториот, со драматична завршница во Струга, а третиот беше неизбежен дома, синоќа со  шампионот Вардар.

За Прилеп продолжува борбата за опстанок. Викендов гостува во Радовиш и има шанса за нови бодови. Есеноска Прилеп победи со убедливи 35:28. Надежен е овој дуел, поради досегашниот учинок – Прилеп со 15 бода, Радовиш со 3.

По овој меч, следниот е на 19 февруари, Прилеп – Охрид.

Loading