ЧИСТКА НА ДИВИТЕ ДЕПОНИИ

 Нуту во зима не мируваат комуналеците со чистењето на дивите депонии во околината на градот, Последните зафати беа кај боровата шума и ендеците по патот кон манастирот Трескавец. Суреден е непријатниот изглед на патот кон светилиштето каде несовесните граѓани фрлиле домашен комунален отпад, остатоци од стари кревети, градежен, електронски и комерцијален отпад, јоргани, постелнини, керамички и пластичен отпад од домаќинствата. Работниците на Комуналец ги креваа валканиците на граѓаните околу Градските гробишта.

Во зависност од временските услови, Комуналец продолжува со чистењето на дивите депонии.

Од ЈП апелираат граѓаните да одржуваат коректен однос кон животната средина, да не го нагрдуваат визуелниот изглед на природата и да не ги загадуваат почвата и подземните води со исфрлањето отпад во околината на градот.

За секој вид отпад, граѓаните и бизнис секторот да се информираат и обраќаат на телефоните на јавното комунално претпријатие.

Loading