ПРЕМИЕРОТ В ГИМНАЗИЈА И ВО ОУ “КИРЕ ГАВРИЛОСКИ – ЈАНЕ”

Пред стартот на второто полугодие, премиерот Димитар Ковачевски присуствуваше на увидот на реконструираната гимназија “Мирче Ацев” и на ставање во функција на спортската сала во ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”. На денот кога пред 77 години влегле да собираат знаења првите средношколци во гимназијата “Мирче Ацев”, објектот е целосно реконструиран. Поставена е  енергетски ефикасна изолација и создадени се четири нови простории. Променета е комплетно фасадата на околу 6.000 м2. Условите за изведување на наставата се речиси на рамниште на западните училишта. Сменета е дограмата, реконструиран е дел од подрумскиот простор. Создадени се технички услови за пристап и на учениците со попреченост. Инсталирана е нова котларница за затоплување. Претходно беше променет покривот. Гимназија е комплетно реконструирана надворешно и делумно внатрешно за скоро 500.000 евра.

– Со инфраструктурните зафати подобрен е амбиентот за настава на 860 ученици, но и за професорите – изјави директорот Диме Настоски.

Во ОУ “Кире Гавриловски – Јане”” Ковачевски ја стави во употреба новата спортска сала со отворање на регионалниот турнир во одбојка.

Loading