НАЈДЕНА ГРАНАТА КАЈ ПРИСАД

Неексплодирана артилериска граната калибар 105 мм од Првата светска војна била пронајдена кај селото Присад. Експлозивната направа била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување  и пренесена на безбедно месото за складирање.

Неексплодирана убојна артилериска  муницата од Првата светска војна често се најдува во околината на Прилеп, особено во Мариово каде била линијата на фронтот на завојуваните германски и српски сили.

Loading