РАЗМЕНА НА ПОГЛЕДИ НА УЧЕНИЦИ ОД РАЗЛИЧНУ КУЛТУРИ И РЕЛИГИИ    

Во СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”

СОУ “Кузман Јосифоски – Питу” беше домаќин на краткорочната мобилност во проектот “Развој на критичко размислување, комуникациски и социјални вештини”, финансиран од Еразмус+  програмата на ЕУ. Учесници беа наставници и ученици од партнерски училишта од Чешка, Турција и Романија. Поради корона вирусот претставниците од Италија учествуваа он-лајн.

Во третата година на проектот фокусот беше ставен на подобрување на компетенциите во врска со имиграцијата, демократијата, дискриминацијата, учеството во граѓанските иницијативи. Учениците посетуваат работилници, потикнувајќи го критичкото размислување. Акцентирана е интеркултурнат размена, учењето за другите култури во земјите, примената на добрите практики и развивање на јазичните знаења и вештини. Заедничкиот пристап претставува огромен капитал за професорите и за учениците од петте држави. Учениците ја подобруваат способноста да размислуваат критички, да бидат лидери, полесно да изработат презентации, да ги собираат и поефикасно да ги обработуваат податоците, да работат тимски и да се вклучат во граѓански иницијативи.

Претставниците од училиштето презентираат став за дискриминацијата. Имаа презентација за стереотипи во мешани групи составени од претставници од различни држави. Дебатираа за своите ставови за различните видови на стереотипи.

Огромна поддршка и придонес дадоа директорката Билјана Марковска, и професорките Мимоза Мијоска, Емануела Николоска и Весна Дворчанец.

На пригодна церемонија беа доделени сертификатите, а домаќините приредија музичка програма.

Покрај посетата на културно историските споменици во Прилеп, музејот за тутун галеријата на икони и археолошкиот музеј, гостите го разгледаа и нашиот главен град. Домаќините организираа посета на манифестацијата Богојавление во Охрид. При враќањето го разгледаа музејот во Битола и спомен собата на Кемал Ататурк.

Loading