МОБИЛЕН РЕНТГЕН ВО ИНФЕТИВНО

Мобилен рентген апарат поставен е во инфективното одделение. Болницата ја подобрува ефиксноста и безбедноста и ја олеснува работата на персоналот во одделението. Олеснување добиваат и тешко болните кои од сега не ќе се пренесуваат за снимање до рентген одделението. Се прават напори да биде поврзан со РИС  системот.

– Тешките болни ќе ги снимаме  в кревет, а рентгенологот електронски ја добива сликата и дава стручен извештај на инфектолозите. Ова е големо олеснување во дијгностичките цели, но и за следење на текот на пнеумониите, настанати како последица на ковид инфекцијата – информираат од болницата.

Со апаратот, се става крај на досегашната макотрпна подготовка и испраќање на пациентот за снимање од една во друга зграда со количка или кревет со приклучен систем или кислород, по лифт, скали, надвор по дожд и снег.

ТРИ ЛИЦА ПОЧИНАЛЕ ВО ЕДЕН ДЕН ОД КОВИД

Според епидемиолошки анализи до 25 јануари, во градов има вкупно 12519 прилепчани заболени од Ковид, а активни се 790 случаи. Само на 25 јануари регистрирани се 64 нови позитивни лица, а од 15-те починати во државата, тројца се од Прилеп, (71 г, 72 г и 82 г).

Loading