ЕКИПА БЕЗ НИЕДЕН ФУДБАЛЕР!

Историја

На 24 август 1991 година на Градскиот стадион ,,Гоце Делчев,, се собраа околу 3000 гледачи за да го следат мечот од 1. коло на Третата југословенска лига – Исток, Победа – Лирија.  На теренот се појавија само домашните фудбалери, додека гостинскиот клуб го претставуваа само петмина функционери. Немаше ниеден фудбалер! Допатуваа само да кажт оти нема да играат. Беше јасно дека на гостите од Призрен не им е дојдено до фудбал, во пресрет на војната и распадот на Југославија. И наредниот натпревар, во Гнилане против Црвена звезда, не се одигра, па мораше да се чека 3. коло и дуелот со кратовски Силекс (5:3).

Првенството лошо почна, а не се доврши оти пролеттта не се доиграа последните две кола.

Loading