ОНЛАЈН ПЛАЌАЊЕ НА ЃУБРЕТАРИНА

ЈКП Комуналец овозможува брзо и лесно плаќање на сметките, без никакви трошоци и без непотребно чекање пред шалтерите. Можно е сметките за подигање на отпад и солидарен погреб да се плаќаат онлајн преку компјутер, лаптоп или паметен телефон без никакви трошоци. Плаќањето може да го извршите преку ВЕБ порталот за наплата на сметки хттпс://комуналецприлеп.цом.мк/, откако ќе се изврши регистација во системот за е-наплата, за што е потребна валидна е-маил адреса на која се добива линк за активирање на кориснички профил. Потребен е само интернет пристап и ВИСА/МАСТЕР картичка.

Со платената сметка, се добива на е-маил известување дека сметката е платена со датум и износ на трансакцијата. Од еден кориснички профил може да плаќате сметки од повеќе корисници, кои се регистрираат на Вашиот профил за е-наплата.

Информации и консултации за онлајн наплата  на тел: 048 428-992, или на е-маил [email protected]

Loading