ДЕСПИНА Е ВО ПЛЕЈ-ОФОТ

Ракомет

Екипата на Деспина е поразена со 31:22 од Пелистер во Битола, на меч во кој со ефикасност пријатно изненади десното крило Мери Спиркоска со 8 гола. Поразот не е пречка за влез во плеј-офот. На конечната табела од А-групата прилепскиот тим е на 3. место со 25 бода и пренесува во новата фаза 2 бода.

Во плеј-офот ќе има нови 14 меча, по два со претходните противници и со екипите од Б-групата – Вардар, Металург, Ѓорче Петров и Стружанка. Следи одмор.

Машкиот суперлигаш Прилеп нов собир закажа на 10 јануари.

Loading