Фудбал
Зимскиот преоден рок за фудбалерите е од 15 јануари до 11 февруари, а за Победа веднаш по крајот на есенскиот дел од второлигашкото првенство. Навивачите веќе нагаѓаат можните засилувања. Најзагреаните симпатизери споменуваат седум-осум имиња. Сите се прилепчани кои есеноска играа во прволигашки и второлигашки екипи.
– Приоритет се прилепчаните – потврдуваат од клубот.
Не треба да се исклучат и битолчаните, оти новиот шеф на Стручниот штаб, Димитар Капинковски е битолчанец. Помалку се зборува за тоа кои играчи ќе заминат. Ќ е биде појасно на првиот собир на 10 јануари, по што се подготовките за првенството со старт на 19 февруари.