НОВ ДЕТСКИ ПАРК И ЕКО ЕДУКАЦИЈА

Комуналец

Комуналец гради нов детски парк во кругот на болницата на барање на жителите од овој дел на градот. Бидејќи во близината нема друга слободна јавна површина, паркот се гради на ова место. Ќе располага со детски реквизити за забава, клупи за одмор и релаксација, и со оградена површина заради безбедност.

Комуналец ќе продолжи со градење на парковски површини и детски игралишта во повеќе населби и маала. За в година е планирано да се изградат 4000 м2 паркови во градов и селата и обновување на постојните паркови.

Паралелно, комуналците ги воспитуваат децата од ОУ “Климент Охридски” преку часови за одржување на чистата животна средина и селекцијата и рециклирањето на отпадот. Низ презентации, игри и кратки филмови се запознаваат со значењето на одржувањето на чистотата на градот, одделувањето на ѓубрето дома, фрлањето во корпи за отпадоци, создавајќи чувство за чиста природа насекаде. Во еко нотесите, подарок од Комуналец, напишаа безброј пораки.

Loading