ЈАПОНЦИТЕ ДОНИРАА 57.365 ЕВРА ЗА УЧИЛИШТЕТО ВО КАНАТЛАРЦИ

Проектот од 57.365 евра од јапонската амбасада овозможи основното училиште “Кирил и Методиј” во селото Канатларци да биде обновено со нови врати, прозорци, да се реконструираат училниците и да се изгради целосно нов дренажен систем со што се подобри училишната средина. Амбасадорот на Јапонија, г. Хиронори Савада, учествуваше на церемонија за комплетирање на ГГП-проект во Општина Прилеп, во рамките на јапонската програма за мали грантови за основни потреби и човекова безбедност. Негови домаќини беа градоначалникот Борче Јовчески и директорот на училиштето, Бајрам Јусуфоски. Амбасадорот Савада беше пречекан од учениците и учителите со приредба во знак на благодарност за донацијата од Јапонија.

Амбасадорот Савада и градоначалникот Јовчески разговараа за јакнење на соработката меѓу Амбасадата на Јапонија и Општината Прилеп.

Преку проектите од програмата за мали грантови, Јапонија финансирала реновирање и набавка на опрема за повеќе од 70 училишта и градинки, 57 здравствени установи и обезбеди се 31 специјализирано возило за управување со отпад и комуналните услуги за 49 општини.

Ова е втор проект за Прилеп од јапонската амбасада.

Loading