15 ДЕНАРИ ЗА БИОРАЗГРАДЛИВА КЕСА

Навиките мора да се менуваат со носење на торба во маркетите, продавниците и пазарите или да се платат 15 денари за хартиена кеса. Стартува функционирањето на законот за управување со пакување и отпад од пакувања, според кој пазарењето во маркетите и продавниците ќе чини 15 денари за биоразградлива кеса. Се забранува и еднократна употреба на пластично пакување во заштитените подрачја. Парите од кесите се насочуваат во посебен фонд на Министерството за животната средина.

Со законот се претендира да се отстранат од употреба кесите кои не се распаѓаат и тешко се разложуваат, едновремено се стимулира користењето на торби за повеќекратна употреба.

Останува да се видат ефектите и колку фондот ќе влијае на правилното управување со отпадот.

Комуналец го селектира отпадот во соработка со граѓаните и стопанството, но на тоа поле има многу резерви. Затоа се размислува за враќање на ивестицијата за фабриката за обработка на ѓубре.

Loading