ТРИ БОДА Е ПЛАНОТ ОД КАМЕНИЦА

Фудбал

Екипата на Победа со головите на Даниел Карчески, Игор Момировски и Давид Јошески со 3:1 го совлада Кожуф, па со поразот на Слога со 3:0 од Осогово во Кочани, прилепскиот тим е на 1. место во Втората лига – Исток. В сабота е гостување на Саса во Каменица. Се очекува атак на трите бода за останување на врвот, со оглед на тоа што Слога дома е фаворит со Локомотива. Братство со 2:0 загуби од Беласица, а в сабота (13 ч.) на Могила игра со Осогово.

Табела: Победа 26, Слога 25, Саса 21, Беласица 20, Кит-Го 16, Осогово 14, Детонит 13, Кожуф 12, Локомотива 5, Братство 4.

Loading