ПАК ВО УЧИЛИШНА САЛА

Кошарка

Ракометот и со тренинзи и со натпревари се врати во Универзалната сала, но не и кошарката. Претстојното дерби од Третата лига Б-група, Мега баскет – Работнички ќе се одигра во салата од ОУ ,,Добре Јованоски,,, в сабота во 18 часот. Клубот Мега баскет не можел да го плати надоместокот за користење на Универзалната. Дербито одлучува кој ќе биде есенски првак, бидејќи прилепскиот тим има 4 победи на 4 меча, а скопскиот 3 на 3. Во претходното коло Мега баскет со 86:73 го совлада ИБА баскет во Скопје.

Женската екипа Мега баскет во истата сала во 16 часот е домаќин на Гостивар, во Првата лига Б-група. Претходно беше поразот со 107:23 од Шкупи во Скопје.

Loading