ДЕРБИТО ТРАЕШЕ 7 ПАРТИИ

Пинг-понг

Салата ,,Јане Сандански,, во Скопје се испразни, завршија сите натпревари, но еден траеше најдолго, машкиот суперлигашки дуел Крива Паланка – Младост 96. Кривопаланчаните поведоа со 2:0 и 3:1, шампионот преку две добиени на Петар Костовски и една на Стефан Костадиновиќ израмни на 3:3, па се играше и 7. партија – двојки. Ја доби К. Паланка, така што и мечот со вкупни 4:3. Претходно Младост 96 со по 4:0 ги совлада Вардар и Радовиш. Вицешампионот Младост со 4:0 беше подобар од Работнички.

Табела: К. Паланка 12, Шампиони ФА 11, Младост 96 и Младост по 9.

Loading