НАДИГРУВАЊЕ СО БУТЕЛ

Ракомет

Тренерот на Прилеп, Горан Кузманоски – Таста одлучи на дуелот дома со лидерот Еурофарм Пелистер (пораз од 24:41) да им даде шанса и на најмладите, за сите сили да се вложат на следниот дуел во Универзалната сала со Бутел.  Скопскиот тим е фаворит, поради билансот од само 3 пораза и 8 победи, но не треба предвреме да се отпише Прилеп со досегашните 7 порази и 4 победи. На ова предупредува дуелот од 1.коло во Скопје: Бутел – Прилеп 28:27, кога прилепчаните испуштија водство.

Екипата на Деспина цврсто е на 3.место од Супер лигата А-група, откако со 30:18 ја совлада на гости Гевгелија. Следен противник , дома, е шампионот Куманово.

Loading