ОВОШЈЕ ПРЕД СПИЕЊЕ ЗА СЛАБЕЕЊЕ

Одличен трик за слабеење е доколку храната се јаде полека, а секој залак се џвака барем 15-20 пати пред голтањето. Вака мозокот ја чувствува храната, наспроти фрлањето на куп храна во грлото само да дознаете 30 минути подоцна дека сте “пополнети”.

Затоа, овошјето за слабеење број 1 се црешите. Одеднаш не може да се изедат многу за кратко време. Слично е и со грозјето и боровинките. Кај црешите, семките се плукаат и се одолжува времето за консумирање на следниот плод. Со црешите, присилено се јаде полека, дозволувајќи им сензорите за ситост навремено да алармираат престанок на јадењето. Значи, причината број 1 е контролата.

Црешите имаат најнизок гликемиски индекс од сите плодови. Нивниот ефект врз инсулинот е минимален. Не е голем проблем јадењето во ноќните часови, туку погрешната храна која предизвикува раст на мастите.

Затоа, грабнете мал сад со цреши и уживајте во нивните бенефити. Тие  ја подигаат енергијата, позитивно влијаат на расположението и побрзо  се слабее. Покрај малкуте калории, не содржат масти. Полни се со вода. Со повеќе вода во организмот расте енергијата и се забрзува метаболизмот. Затоа, при слабеење предност нека имаат овошјата со повеќе вода.

Црешите се богати со калиум, а помалку со натриум. Тоа помага при лачењето на вишокот течности. Содржат антиоксиданси против стареење, богати се со влакна, витамините А, Б и Ц. Имаат многу минерали, посебно калциум, железо и калиум. Секоја цреша има само 4 калории (а една чаша содржи околу 90 калории), а немаат масти.

Loading