ЛЕБЛЕБИЈАТА Е БИЛКА НА ИДНИНАТА

Леблебија, наут, варен грав. Тоа се имињата на зрнеста храна, мешунка богата со протеини. Наликува на соја со светло-кафеава боја, а начините за приготвување се различни. Се користи како вариво, мелена како брашно за правење леб. Може да се јаде пржена како семки. Наутот е одличен додаток на супите. Сомлен во блендер, со додавање на малку маслиново масло и зачини се добива одличен намаз за леб.

Наутот помага во борбата против дијабетесот. Дијабетичарите кои консумираат храна богата со растителни влакна, им паѓа нивото на гликозата и им се подобрува шеќерот во крвта, липидите и инсулинот. Се препорачува 25 грама диетални влакна дневно за жени и 40 грама за мажи.

Леблебиите го чувуваат здравјето на коските. Железото, фосфатите, калциумот, магнезиумот, манганот, цинкот и витамин К придонесуваат за здрави коски. Нужна е внимателност, оти со премногу фосфор и премалку калциум слабеат коските.

Се намалува крвниот притисок со намирници сиромашни со натриум. Таков е наутот. Калиумот е важен и за нормализирање на крвниот притисок.

Леблебијата помага во одржување на жолчката под контрола. Го забрзуваат варењето и помага при слабеење. Предизвикува чувство на ситост подолго време.

За вегетаријанците, е извор на протеини, наместо храна од животинско потекло. Манганот  е извор на енергија на организмот. Една чаша наут два-трипати неделно е доволно за полнење на батериите за цела недела. Најдобар начин е да ги јадете како закуска или да ги готвите со малку сол. Леблебијата е богата со железо и важен природен додаток за жените кои имаат менструација, дојат или се бремени. Децата имаат корист од наутот во исхраната.

Наутот е добар за срцето. Помага за пад на лошиот холестерол. Високиот холестерол може да предизвика мозочен и срцев удар, а наутот природно го намалува лошиот холестерол.

Леблебијата содржи големи количества на фолна киселина и магнезиум. Добри се за очите и за зголемување на протокот на крвта. Содржи фитохемикалии кои делуваат како антиоксиданси. Со наутот се намалува ризикот од рак на дојката и штити од остеопороза.

Loading