ТИКВАТА Е СУПЕР ХРАНА

Како тиквата влијае врз здравјето? Зошто е корисна да се јаде, особено оние кои имаат висок крвен притисок и шеќер. Тиквата е симбол на есента, а содржината помага повеќе отколку што многумина знаат. Затоа треба да се јаде секогаш кога има можност.

Тиквата нема многу калории. Не е мрсна. Содржи многу јаглехидрати, а е полна со микронутриенти. Богата е со витамини А, Ц, Е, Б1, Б2, Б6 и Б12, а содржи и калиум, железо и магнезиум. Покрај “месото”, семките се богати и со драгоцени состојки. Затоа ја нарекуваат “супер храна”. Иако има висок гликемиски индекс, има ниско гликемиско оптоварување. Може да ја јадат и дијабетичарите. Бавно  го покачува шеќерот во крвта.

Како значаен извор на магнезиум, добра е за сите кои страдаат од несоница. Корисна е и за контрола на крвниот притисок. Тиквата треба да јадат сите кои страдаат од хипертензија. Се препорачува и маслото од семки од тиква, бидејќи го зголемува добриот холестерол и помага за намалување на крвниот притисок. Одлична е за мажите, за жените и за децата. Богата е со антиоксиданси. Делува противвоспалително.

Ефикасна е за здравјето за зглобовите и за брзо закрепнување при повреда на мекото ткиво. Со консумација полесно се поднесуваат стресни состојби. Витаминот А го одржува здравјето на очите. Високото ниво на витамин Ц го јакне имунитетот. Кожата ја прави блескава и еластична. Го штитат телото од токсини. Пријатно делува на дигестивниот систем. Содржат доволно каротен кој им ја дава портокаловата боја. Го забавува стареењето и спречува кардиоваскуларни болести. Семките го регулираат нивото на лошиот холестерол. Богата е со магнезиум неопходен за здравјето на коските и забите. Калиумот и цинкот се клучни во превенција од кардиоваскуларни болести и висок крвен притисок. Цинкот е одличен и за плодност, убава кожа и имунитет.Содржи Л триптофан за добро чувство и рас-положение.

– Маслото кое се добива од семките на тиквата е одлично за лекување на воспаление на простатата, а превентивно штити од развој на кан-церогени промени на простатата.

Loading