СТОБИ ФЛИПС И БРИЛИЈАНТ СЕ НАЈПОЗНАТИ БРЕНДОВИ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР

Витаминка

Стоби флипс во категорија флипсови и Брилијант во категорија сончогледово масло се најпознатите брендови меѓу македонските потрошувачи во годинешното истражување “Најпознати брендови според потрошувачите 2021-ва”. Стоби флипс на Витаминка, го има највисокото учество кај потрошувачите во споредба со другите брендови во оваа категоријаи, предводи со 80 отсто препознатливост, а во категоријата сончогледово масло доминантното учество наспроти другите брендови е на Брилијант со 53 % препознатливост.

Со одговарање на прашањето кој според нив е најпознатиот бренд во одредена категоријата, потрошувачите можеа да одговорат за сите брендови присутни во малопродажбата и маркетите.

Истражувањето на македонскиот пазар како независно е спроведено од специјализираната агенција за истражување и консалтинг Инсајдер ИД, на репрезентативен примерок од 1250 активни потрошувачи на територијата на целата држава и со фокус на 18 категории производи за широка потрошувачка. Освен за препознатливоста на брендовите, Инсајдер ИД веќе пет години спроведува истражување и за преферираните синџири на маркети.

Loading