Совет на општината Прилеп
Советот да покрене постапка за контрола на материјалното и финансиско работење пред надлежен орган за надзор и да се дополнат одлуките за давање на согласност на тримесечните извештаи за финансиското работење на Општината Прилеп и јавните претпријатија и ЈОУ Дом за стари лица “Киро Крстески – Платник”.
Со мнозинство гласови беше прифатен овој предлог на претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Ирена Стерјовска Локвенец на последната седницата на Советот на Општината. Не добија зелено светло тримесечните извештаи за финансиското работење на Општината Прилеп и јавните претпријатија ЈКП Водовод и канализација, ЈКП Комуналец”, како и на финансискиот извештај на ЈОУ Дом за стари лица “Киро Крстески -Платник”.
Прифатени се развојните програми за 2022 година. Во согласноост со Планот на развојни програми на Општината за 2022 за кои гласаа советниците, предвидена е изградба на пешачката улица “Борка Талески”, изградба на главен доводен цевковод во селото Канатларци и изградба на детската градинка во Точила.
Новата комисијата за елементарни непогоди го потврди записникот на комисијата од претходниот состав за барањата за еднократна финансиска помош на семејствата чии домови изгореа во Варош. За санирање на последиците од пожарот на социјалните бараки, четири семејства добија помош од по 50 илјади денари.