ДУЊАТА ПРОТИВ БРОНХИТИС

Дуњата е есенски плод омилен за приготвување слатка, компоти и џемови. Тој е и лек за организмот. Дуњата е богата со протеини, јаглехидрати, диетални влакна и содржи многу танини и пектин. Семето содржи 15 отсто масло и големи количества витамин Б17 со антиканцерогено дејство. И лисјата се лековити.

Танинот и слузта се корисни за цревата и спречуваат заразни болести. Сокот од дуња варен со иста количина шеќер, лекува кашлица, астма и акутна дијареа. Печена или варена, дуњата се препорачува за воспаление на слузокожата на желудникот и цревата, но и за третман на анемија. Чајот од цвет од дуња ја смирува кашлицата, а чајот од семето има смирувачко дејство, ја елиминира несоницата и лошиот здив.

Ова овошје е витаминска бомба. Ја ублажува кашлицата и ги смирува стомачните тегоби. Богата е со витамини и минерали. Содржи витамин Ц во големи количини, витамин Б1, Б2, ниацин, каротен, калциум, магнезиум, калиум, бакар, натриум, цинк, железо, манган, натриум. Покрај тоа, содржи протеини, растителни влакна и јаглехидрати. Таа е природен освежувач на воздухот. Кога семето ќе отстои во вода,  ослободува слуз, што помага при проблеми со кашлица. Содржи многу пектин, корисен за циркулаторниот систем, помага во намалување на крвниот притисок и обезбедува заштита од радиоактивно зрачење. Корисна е за лекување на воспалено грло, крајници и респираторниот тракт. Ја ублажува кашлицата, засипнатост и симптомите на бронхитис. Чајот од листови од дуња е одличен за запирање на дијареата. Овошниот чај од дуња има корисен ефект врз респираторните проблеми.

Дуњата потекнува од југозападна Азија.

Loading