АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Кога се’ се остава на совеста, таа се’ повеќе  ја снемува.

x

Секој одбира дали ќе биде со оние  кои го менуваат светот или со оние кои светот нив ги менува.

x

Киднапираната држава  ќе се спаси со заминувањето на киднаперите.

x

Оставката станува – ставка.

x

Тапаните на војните никогаш не се на народот.

x

Вителот на историјата нема да ги одмине оние кои не ја почитуваат.

x

Кога нишаниш во повеќе мети во исто време, нема да погодиш ниту една.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading