СЕ ТОКМИ МАГНЕТНАТА РЕЗОНАНЦА

Во Општата болница

Се адаптира просторот во болницата каде ќе биде поставен апаратот за магнетна резонанца. Во тек се инфраструктурните зафати во јавната здравствена установа со проширена дејност каде ќе биде инсталиран уредот за дијагностика. 

– Се очекува подготовката да заврши до средината на јануари. Испратени се двајца радиолошки технолози, специјализирани во таа област на едукација  каде едукатори  се претставници од Пхилипс од Романија. Едукацијата ќе се одвива во неколку етапи во поголеми здравствени центри во државата. Конечно и кај нас, по долго очекување,  ќе го има методот за квалитетно дијагностицирање на нашите пациенти – информираат на ФБ од Општата болница.

ВАКЦИНИ И НА ОДРУЧЕК

Вакциналниот пункт против короната во здравствениот дом работи и втора смена до 19 часот. Со продолжување на работното време е скусено времето на чекање со можност да се вакцинираат поголем број на граѓани.

Loading